Претставата во продукција на МКЦ, „Црнила Remix“, имаше свое меѓународно претставување. Музичко-драмскиот перформанс по текст на Коле Чашуле, а по идеја и режија на Јордан Симонов, на 6 јули гостуваше на еден од најголемите музички фестивали во Европа, Exit (Нови Сад), на една од трите главни сцени на фестивалот, Addiko Fusion stage.
Ден потоа, на 7 јули, „Црнила Remix“ гостуваше и во Загреб, во легендарниот клуб Мочвара, како специјална изведба во чест на наградените на петтото државно првенство на слем-поезија во Хрватска.
По враќањето во Македонија, „Организацијата“ ќе настапи и на 10 јули, во рамки на манифестацијата „Самерленд“ на школката во Градскиот парк во Скопје, на 14 јули во Дојран на Д Фестивал, како и на 23 август во рамките на 11. БОШ фестивал во Гевгелија.