Градот Авеиро, партнер на Град Скопје, поканува тројца визуелни уметници од мрежата CreArt, да работат на уметничка керамика за еден месец во Авеиро Аир, помеѓу 1 и 30 ноември. На учесниците ќе им бидат понудени сите услови да бидат инспирирани од регионот Авеиро и неговата керамичка традиција. За време на престојот, уметниците ќе имаат разновидна културна програма, чија цел е да ги прошират своите знаења за технологија и стилови на производство на керамика, во соработка со професионални партнери. Уметниците ќе имаат неколку денови за културна/екскурзиска програма и развој на проекти и други активности потребни за реализација на проектот.
Повеќе информации за активноста и начинот на аплицирање на следниот линк:
https://creart2-eu.org/open-