Младински културен центар е основан во 1972 година под името „Дом на млади – 25 Мај“.
Основната задача и цел на МКЦ е промоција на културата, културните и научните вредности на младите.
Со богата програма, опфат на сите културни изрази (музика, филм, театар, литература…), научна дејност, работилници и предавања, дебати и дебатни клубови, МКЦ од самиот почеток зазема стратешки битна позиција во животот на младите во градот Скопје, но и во целата република.Преименуван во Младински културен центар на почетокот на 90-тите, со добивањето на самостојност на Република Северна Македонија, Домот останува на истиот курс – промоција и презентација на културните вредности, но истовремено и најважната точка за дружење, размена на идеи, место за слободно изразување на младите.
Единствената цел на МКЦ е да продуцира, стимулира и промовира современи културни настани и дела од различни домашни и меѓународни креатори, но и да го поттикне создавањето врски помеѓу нив. Покрај сопствената годишна програма, која вклучува повеќе од 200 настани (изложби, театарски претстави, промоции, работилници, концерти, дебати, како и филмски проекции), МКЦ работи и како сервис на многубројни невладини организации и индивидуални уметници од сферата. Покрај засебните настани, МКЦ стои зад организацијата, планирањето и комплетната реализација на три меѓународни фестивали и манифестации – Меѓународниот театарски фестивал МОТ, Фестивалот на европски филм CINEDAYS, како и Фестивалот на нова музика ЗДРАВО МЛАДИ.
Денес ЈУ МКЦ Скопје е установа од културата под јурисдикција на Град Скопје и голем дел од програмите се реализираат преку средствата од буџетот на Град Скопје, Министерството за култура на РСМ, но голем дел од своите програмски активности установата ги реализира и преку сопствени средства, приватни спонзорства, донации, како и средства од разни европски фондови.
* Bpз основа Ha чл.9 oд Законот зa слободен пристап до информации од јавен карактер, ЈУ МКЦ ја утврди следната ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР.
Службено лице за посредување со информации од јавен карактер со кои располага ЈУ Младински културен центар:
Зоран Кирковски kirkovski@mkc.mk 071 310-306
* Bpз основа Ha чл.9 oд Законот зa слободен пристап до информации од јавен карактер, ЈУ МКЦ го подготви следниот годишен извештај за 2019г.
Финансиски извештаи 2016:
- Завршна сметка 2016 – Министерство за култура
- Завршна сметка 2016 – Град Скопје
- Завршна сметка 2016 – Самофинансирање
- Завршна сметка 2016 – Донации
- Завршна сметка 2016 – Блок дотации
Завршни сметки 2017:
- Завршна сметка 2017 – Блок дотации
- Завршна сметка 2017 – Град Скопје
- Завршна сметка 2017 – Донации
- Завршна сметка 2017 – Министерство за култура
- Завршна сметка 2017 – Самофинансирање
Завршни сметки 2018:
- Завршна сметка 2018 – Блок дотации
- Завршна сметка 2018 – Град Скопје
- Завршна сметка 2018 – Донации 1
- Завршна сметка 2018 – Донации 2