Седмиот регионален фестивал на гифови GIFEST#7 ќе биде одржан и оваа година во Суботица, а целта ни е, како и досега, да ги собираме гиф-артистите на едно место и да ги промовираме нивните авторски дела.

Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават на нашиот фестивал до 26.5.2019 година.

Пропозиции:
- Анимираниот гиф мора да е составен од најмалку два фрејма.
- Не постојат ограничувања во поглед на содржината, темата и формата на гифот (дозволено е сè од апстрактно до ангажирано).
- Секој автор може да прати максимално пет свои авторски дела.

Услови:
Учеството на фестивалот е бесплатно и отворено за сите. Пријавените дела мора да бидат авторски дела на тој што ги испраќа. Учесниците се согласуваат нивните дела да се објават на ФБ-страницата на GIFEST.

Податоци што е потребно да се пратат заедно со гифовите:
- име на делото
- име и презиме на авторот
- градот и државата од која е авторот
- контакт телефон и e-mail

Гифовите праќајте ги во прилог на мејлот на gifest.subotica@gmail.com

Следете нè и на: https://www.facebook.com/GIFEST

Делата што ќе ги исполнат сите услови ќе бидат прикажани во натпреварувачкиот дел на фестивалот GIFEST#7 2019, кој ќе се одржи во Палиќ, на 8.6.2019.