ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ ЗАЕДНО ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА УМЕТНИЧКАТА КРЕАТИВНОСТ
CreArt мрежата е подготвена да ја прослави 7-годишнината на Европскиот ден на уметничката креативност што ќе се одржи на 21 март, 2019. Предлозите што ќе бидат презентирани се малку поразлични, движејќи се од отворање на изложби во јавни музеи и приватни галерии, како и имплементирање на работилници во галериите, јавните места, музеи и училишта, до организирање школски содржини, водички тури, или разговори со уметниците од уметничките училишта. Програмата може да ја проверите овде.
САЕЛИЈА АПАРИСИО (ВАЉАДОЛИД) И ЛУКА АРБОКО (ЏЕНОВА), СЕЛЕКТИРАНИ ЗА СЛЕДНАТА УМЕТНИЧКА РЕЗИДЕНЦИЈА НА CreArt ВО ЛИВЕРПУЛ (ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО)
Градот Ливерпул во Обединетото Кралство и Bluecoat центарот за уметност ги селектираа Саелија Апарисио од Ваљадолид и Лука Арбоко од Џенова да ги развиваат своите проекти во резиденцијата Bluecoat во месец март. Градскиот совет на Ливерпул, член на СreArt, е одговорен за организација на патувањето и сместувањето на уметниците, кои исто така ќе добијат грант за продукциски трошоци.
ЏЕНОВА СЕЛЕКТИРАШЕ 15 КУРАТОРИ ЗА СЕМИНАРОТ „МЕЃУ ЈАВНОТО И ПРИВАТНОТО. ДОБРИ ПРАКТИКИ ВО КУРАТОРСТВОТО“
Градот Џенова селектираше 15 учесници на семинарот „Меѓу јавното и приватното. Добри практики во кураторството“, координирано од кураторот и Професор по уметност на Академијата за ликовни уметности во Лигурија, Алесандра Гаљано Кандела. Семинарот што ќе се одржи во Дуждовата палата во Џенова, од 21-ви до 23-ти март ќе ги подобри релациите меѓу музеите и современата уметност, курирајќи иницијативи, поврзувајќи го јавното и приватното, улогата што ја имаат фондациите, саемите и галериите.
CreArt ОТВОРА НОВ ПОВИК ЗА УМЕТНИЧКА РЕЗИДЕНЦИЈА ВО ЛИНЦ ВО ТЕКОТ НА МАЈ 2019
CreArt отвора нов повик за селектирање двајца артисти родени или жители на некои од градовите од мрежата, кои ќе имаат можност да работат на своите проекти во текот на месец мај. CreArt ги покрива патните трошоци за уметниците. Студиото и сместувањето се бесплатни. Исто така, уметниците добиваат грант за да ги покријат своите материјални трошоци за проектот. Условите и онлајн аплицирањето се достапни на страницата на CreArt и треба да се пополнат најдоцна до 25 март.
ГРАД СКОПЈЕ ПОВИКУВА ДВАЈЦА УМЕТНИЦИ ОД МРЕЖАТА НА ЕДНОМЕСЕЧНА CreArt РЕЗИДЕНЦИЈА
Градот Скопје отвора нов CreArt повик за двајца уметници за Резиденцијалната програма, еден локален уметник од Скопје и еден од градовите од мрежата, во Културно-информативниот центар (КИЦ), во периодот од 20 мај до 20 јуни. Организаторот ги покрива патните трошоци и сместувањето, како и средства за покривање на материјалните трошоци. Онлајн апликацијата е отворена до 20 април на сајтот на CreArt, во одделот за ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ.