Драмското студио ДКЦ работи со полна пареа! Низ игра, забава и работилници учиме за театар! Нашето драмско студио како и вообичаено, го одбележува крајот на годината со презентација на сработеното – театарска претстава. Со огромно задоволство ве покануваме на изведбата на аматерската претстава за деца.

Нашите млади и надежни актери учеа за тоа како се подготвува театарска претстава – учеа текст, мизансцен, подготовка на улоги, работа на музика и светло, сценографија, костимографија итн. Работевме на говорот и ослободувањето со играта пред публика, самодовербата но и довербата во партнерот, како и најважното – тимската игра.

Претставата се работеше со 9 деца на возраст од 5 до 11 години, под менторство на Дени Стојанов и Нина Максимова.

Проектот е поддржан од Град Скопје.

Сподели