За прв пат во Скопје директно од Берлин трансцеденталното психоделично племе – TAU!
Со векови, пустината важи за духовно богат пејзаж. Нејзината пространост и мирна спокојност на многумина им нудат чувство на духовно будење или вонтелесно искуство, а во еден свет, кој секојдневно станува сѐ позафатен, ова рефлективно бегство во еден од најпрекрасните простори на природата станува разбирливо попривлечно за некои луѓе. Ова секако важи за Shaun Nunutzi, член на фантастичните Dead Skeletons, кој сега настапува под името TAU, придружуван од венецуелскиот мулти инструменталист Gerald Pasqualin. Мистичните сили на пустината Real de Catorce во северозападниот дел на Мексико се покажаа како витална инспирација за длабоко психоделичниот умствено патувачки EP насловен како „Wirikuta“, кое е домородното име за земјата. За неговото време поминато таму тој вели: „Поминувањето време на места како овие ви ги буди сетилата и прави да се чувствувате поврзани со земјата, нешто за што секој копнее. Имаме време да размислиме и да ја ослободиме интуицијата, нешто што оди рака под рака со креативниот процес“.
Влезници по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс или на Билетарница МКЦ.