По повод World Space Week, најголемиот планетарен настан кој ги слави истражувањата во вселената, Скопско астрономско друштво / Skopje Astronomical Society во соработка со Младински Културен Центар ќе организира предавање на 4.10.2019 (петок).
Првиот дел од предавањето е симулација на ноќното небо во Планетариум (околу 30 мин.), додека вториот дел е кратко предавање за Спутник и почетокот на вселенската ера (10-15 мин.).
Доколку има поволни временски услови, ќе поставиме телескоп за набљудување на Месечина или Сатурн на кејот спроти кино Фросина.
Предавањата ќе се одржат во Планетариумот при МКЦ.
Има 3 термини за предавања:
- 19:00 часот
- 20:00 часот
- 21:00 часот
Билетите ќе се продаваат во билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари.
**Предавањето не го препорачуваме за деца под 7 години. Сите деца треба да бидат придружувани од возрасен посетител.
**Важна напомена: Поради ограничен капацитет на Планетариумот, број на посетители за едно предавање е ограничен на 70. Ви препорачуваме на време да набавите билети.