Промоција на книгата „Скопје, ти раскинуем“ од Тамара Јолевска Попов
„Скопје, ти раскинуем“ му ја препорачувам на храбриот, урбан женски читател, кој има „муда од лабуда“ да ја заврти вековната, генетска, ментална завртка и подготвен е да разбере дека мааните кај љубениот ги забележуваме само тогаш кога престануваме да сакаме и почнуваме вистински да љубиме. Машкиот читател, но само оној со високо ниво на тестостерон и бестрашен ум за размисла (се плашам – ретка публика), ќе ја разбере Тамара „од прва“.
Деспина Мукоска
„Овие прозни записи се одлична закуска додека се возите во автобус, додека мечтаете на плажа, додека го пиете попладневното кафе дома или пивото во градскиот парк, додека децата се на најблиските лулашки. Со кратко читање на овие микрораскази и подолго размислување за нив, оваа книга е совршена џебна енциклопедија на љубовта, урбаната егзистенција, стравовите, кошмарите и созерцанијата. Со оваа книга Тамара дефинитвно „раскинуе“ со Скопје, но не и со нејзините читатели“.
Душко Крстевски
Промотори:
Душко Крстевски
Ѓоко Здравески
Деспина Мукоска.
Извадоци ќе чита: Томе Станковски
DJ сет: Ненад Стефаноски