Изложба на Давор Кешќец во Галерија МКЦ
Давор Кешќец е млад упорен ентузијаст на кој никакви неприлики не можат да му го избијат од глава она што го наумил. Од друга страна перфркционист во ликовноста на своите дела со млад дух, кој остава без здив. Неговата мисија е ретрото и рокенролот како животно мото, кој од самиот негов старт е негов форсиран лајт мотив. Тоа е израз што нè враќа кон убавите рокенрол времиња на 50-тите години од минатиот век. Минималистичкиот приод кон колоритот е со строга намера да се искаже тројството на црното, белото и црвеното како моторика на секој крајно емотивен ликовен акт.
Неговиот живот и ликовен старт се во сублимат на една компактна тродимензионална слика, која ги содржи: љубовта, страста и минливоста.
Горјан Ѓорѓиев