Опасно чудовиште? Забрането овошје? Омилен вентил? Неопходно гориво? Единствен извор на чувството на бесмртно, кое, пак, му дава смисла на секојдневното преживување?
Задоволството е матрица за сите видови животни трансакции: попопуларно е и од фудбалот, замена за сите видови дрога, лек за многу видови болештини – насекаде низ светот. Нема поевтина забава, нема попосакувана екстаза – било насамо или во друштво.
Неретко нѐ поврзува и со врски на романтика, благодарност и љубов. А што му даваме за возврат? Во најголем дел, барем досега, страв, прекор, гнасење и осуда. И молк.
Е баш затоа, на 28 мај му го посветуваме нашиот втор SexEd! И по вторпат ќе зборуваме пред публика, на микрофон!
Зошто ни е толку важно задоволството? Затоа што така сме направени.
Зошто ни е толку важно да дојдете? Затоа што табу темите нема сами да се срушат!
Ако сакате да ги слушнете приказните од прва рака, пријавете се на http://bit.ly/2EnT7DJ – SexEd е отворен буквално за сите!
Нашите говорници ќе зборуваат на македонски и англиски, а од превод ќе имаме само знаковен.
Се гледаме во Кино Фросина!