ROCK FEST 2018, ќе се одржи на 27, 28 и 29 април во МКЦ.
Оваа година фестивалот е во организација на Баги Комуникации.
Конкурсот за пријавување веќе е отворен и ќе трае до 1 април. Сите заинтересирани групи може да се пријават на rockfest.mk@gmail.com. Пријавата треба да содржи:
- име на бендот
- снимки од најмалку три авторски песни (не е задолжително снимката да биде професионална, таа може да биде и демо-снимка)
- стил на музиката што ја свири
- кратка биографија на групата
- имиња на членовите
- фотографија
- контакт-телефон, e-mail, фејсбук-страница или веб-страница