Колективот Ветерница со особена чест и задоволство Ве поканува на премиерата на „РОБОГРАД“, претстава која е плод на заедничка работа во рамки на двете групи по танцов театар за деца од 6 до 12 години.
Илустрација на плакатот е на извонредниот Milos Petrovic од Bitlsti,NOVO DOBA FESTIVAL!
„Робоград“ е танцова претстава од деца за деца која раскажува за еден град кој ги претставува сите градови на светот и карактерите кои живеат во нив. Во овој град преку невербален театар се осмеливме да ги соочиме брзањето, рутината и оттуѓувањето со спонтаноста, љубопитноста и соживотот.
„Робоград“ е приказна во која ќе ја отелотвориме важноста на слободната игра бидејќи само таа може да го спаси светот. Таа ниту се купува, ниту се продава – играта ја носиме во себе и во неа сме сите еднакви!
Ајде возрасни, дојдете да си играме!
Цената на билетот е 100 денари и може да си го резервирате и купите на билетарницата на МКЦ.
Играат: Аналена Митровска, Исидора Ивановска, Софија Поповска, Теона Танурева Каранфилова, Јована Јосифовска, Кристина Петровска, Маша Блажева, Анѓа Давчева, Иван Силјанов, Марија Масевска, Теодора Стефановска, Матеј Милевски, Јана Ѓорѓиевска, Матеа Ивановска, Матеа Димова, Мила Матеска.
Ветерница е уметнички колектив создаден со заедничка цел за поттикнување на личниот развој преку работа во група и користење на креативната енергија со употреба на техники од глума, музика, песна, физички и куклен театар. Негуваме хоризонтален пристап, заедничка соработка и одговорност во споделување на знаења и идеи. Водени од потребата за постојано преиспитување на заедничките и личните вредности, веруваме дека уметноста е огледало на секојдневното живеење и основна алатка за спознавање и менување на себе си и околината.