26-29.3.2019 –Проект - РАСТЕМЕ СО КЛАСИКА - во градинки во приградските делови на Град Скопје
-Во 2019 год. ќе продолжиме да ги откриваме убавините на класичната музика, ќе повториме накратко што учевме минатата година, а потоа ќе преминеме на учење за операта, балетот и театарската уметност, кој е кој, што опфаќа како медиум секој од нив, професијата оперски пејач и инструменталист, ќе учиме за нови инструменти, овој пат ќе се запознаеме со инструментот гитара, децата ќе имаат можност директно со музичарот да пробаат да отсвират нешто поедноставно, сето тоа збогатено со песнички, музика, танц.
Нашата крајна цел е да се поттикне љубовта и интересот кон поразличен жанр музика, децата да се запознаат со разни музички инструменти, видови композиција (вокална, инструментална) да се развие чувство за ритам и такт, како и развој на вокалните и говорните способности.
Реализацијата на проектот РАСТЕМЕ СО КЛСИКА ќе се одвива во периодот 26 – 29Март 2019 година, интерактивните музички дружења се замислени како 30-минутни настапи во 10 градинки на територијата на град Скопје и ќе одат по следниот редослед:
Понеделник:
- ЈОУДГ „11 Октомври“ – општина Бутел 26.3.2019 (од 9:30 до 10:00ч.)
- „Ташко Караџа“ ул.Радишанска б.б. – Радишани
- ЈОУДГ „ 8 Април“ – општина Шуто Оризари 26.3.2019 (од 10:30 до 11:00ч.)
Сместени во средното училиште „Шаиб Јусуф“ – Шуто Оризари, ул. Вашингтонска бр.44
-ЈОУДГ „Снежана“ – општина Чаир 26.3.2019 (од 11:30 до 12:00ч.)
- (матичен објект) ул.Џон Кенеди бр. 1 – Топанско Поле
Вторник:
- ЈОУДГ „Буба Мара“ – општина Аеродром 27.3.2019 (од 10:30 до 11:00ч.)
- „Лавче“ ул. Горно Лисиче бр.23 – Горно Лисиче
– ЈОУДГ „8 Март“ – општина Кисела вода 27.3.2019 (од 11:30 до 12:00ч.)
- „Пеперутка“ ул.Ратко Митровиќ б.б. – Драчево
Среда:
- ЈОУДГ „25 Мај“ – општина Гази Баба 28.3.2019 (од 09:30 до 10:00ч.)
- „Детелинка“ ул.Модест Мусогорски б.б. – Маџари
- ЈОУДГ „25 Мај“ – општина Гази Баба 28.3.2019 (од 10:30 до 11:00ч.)
- „Морковче“ ул.2А бр.1 – с.Јурумлери
- ЈОУДГ „Гоце Делчев“ – опш.Илинден 28.3.2019 (од 11:30 до 12:00ч.)
- (матичен објект) ул. 534 бр. 25 – с. Марино
Четврток:
- ЈОУДГ „Росица“ – општина Ѓорче Петров 29.3.2019 (од 10:30 до 11:00ч.)
- „Калинка“- (матичен објект), ул. Исаија Мажовски бр. 35 – Хром
- „Пампурче“ (од 11:30 до 12:00ч.)
ул. Лука Геров б.б. 29.3.2019 - Новоселски пат