- Архитектурата на 20 век како наследство -
Дали современата архитектура на 20 век бара некој посебен пристап за херитагизација, конзервација и реставрација, или едноставно може да се применат стандардни општи концепти како што се користат за претходна модерна архитектура? Docomomo International – Меѓународниот комитет за доктументација и зачувување на објекти, локации и соседства се занимава со овие прашања од своето основање во 1988 година.
Во првиот дел од предавањето (Luc Verpoest), прашањето за зачувување на модерното движење е воведено преку серија примери за авангардните модернистички проекти од 1920-тите и 1930-тите.
Вториот дел од предавањето (Barbara Van der Wee) се фокусира на обнова на доцно-модерните социјални или колективни станбени проекти во Белгија по Втората светска војна.