Изложбата ќе се отвори во четврток, 21 јуни, во 20 часот.
„…Разновидноста во изразувањето, доблеста и богатството на ликовниот медиум, од една страна е ограничена со зададена тема, а од друга страна, разоружена од внатрешната борба на границата со оксиморонот, чијашто асинтагма во насловот на темата „Поместени граници“, инхерентно се имплицира”.
ГРАНИЦА е нешто што сугерира на статичност и постојаност, додека ПОМЕСТУВАЊЕ наговестува неминовно движење, можеби, но не и со сигурност конфликтно. Во секој случај, поместување од динамичка природа. Идејата за бришење на линијата, која современиот ликовен медиум го дели од класичната ликовна уметност, со појдовна точка од концептуалното размислување, наидува на конвенционален творечки пристап, па сходно на тоа, целта на овој проект е на пошироката публика да ѝ се прикаже новиот аспект на актуелното ликовно истражување.
Учесници – автори од Македонија и гости од странство:
Анастасија Пандиловска, Филип Фидановски, Маја Кировска, Кристијан Тодоров, Јелена Лалиќ, Игор Таневски, Светлана Волиќ, Ана Цицовиќ и Ејприл Дауша.
Проект на ДЛУМ
Куратор: Христијан Санев, претседател на ДЛУМ