Домаќинско одбележување на роденденот на МКЦ: проследете ја големата битка на сушарите – поети vs. прозаисти. Добро извриената литература, директно од своите машини, учесниците ја претставуваат и закачуваат да се суши пред почитуваната публика.
Во поетскиот тим настапуваат:
Васко Марковски
Валентина Бактијаревиќ
Зоки Спијач
Снежана Стојчевска
Ненад Јолдески
Со проза ќе им се спротивстават:
Ѓоко Здравески
Сања Михајловиќ Костадиновска
Владимир Лукаш
Олгица Станковска
Ивана Харикли
Водител: Иван Шопов
Штипките се подготвени.
Ве очекуваме!