21 Ноември / без официјално отвoрање / отворено за публика од 18 часот до 24 часот на 22 Ноември

Јас сум ти, во друго тело.

Форми има многу, но водата во нив е една и во сите е истата. Вода. Во пукнатините на забот на времето влегува и таму молчи на сите човечки јазици. И сѐ што низ неа минува – останува во неа.

Изложбата „Тела од вода“ е интерактивна. Ако влезете во неа, станувате дел од неа. Две исти води, во две различни тела. Две различни отчукувања на срцата – одеднаш.

Треба ли храброст да се чуе како на другиот му чука срцето? Во темната тишина на салата водата да се излее од својот сад и да стане – чиста вода.

Концепт: Ана Лазаревска

Соработници:
Текст - Ѓоко Здравески
Дизајн на постер - Елена Андреева
Техничка изведба - Александар Ордев, Томи Димитриевски
Визуализација на главната видео проекција - 0 kolor
Монтажа на видео - Доријан Миловановиќ
Поддршка - Мкц, Press to exit Project space, Министерство за култура, Логин, Diverse Film Production, Фрагмент комуникации, ПроМедија

Сподели