Отворена детска работилница: Музеј на детска илустрација
Ментори: Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник, соработник: Ивана Стаматовска

Концептот за отворена детска работилница е за секое дете и се случува на отворен јавен простор пред платото на МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР.
Овој концепт на работа го прифаќаме во слободен и урбан контекст за децата да можат да се изразуваат слободно, креативно во природен амбиент на отворено небо.
Eкспериментирање во креативниот процес, илустрирање и инспирирање по сопствена желба од имагинарниот детски ум.
Развивање на имагинацијата и просторно размислување, ослободени за експериментирање со повеќе медиуми.
Родителите слободно може да се приклучат во процесот на креативно создавање и дружење.
Вредноста и важноста во детското ликовно истражување не е во знаењето да се наслика тоа што ние ќе го препознаеме, туку во тоа што самото дете го гледа и пронаоѓа и открива во светот што го опкружува.
Големото богатство се крие во разговорот за цртежот или сликата и ни ја отвора вратата на својот внатрешен свет, фантазијата, желбите, соновите и стравовите. Овој разговор е корисен и за детето, воспитачите, за родителите и учителите.

Локација: платото на МКЦ
Ќе бидаат поставени маси, столовии, штафелаи на отворено за да можаат 30-ина деца слободно да се изразуваат со темперни/акрилни, фломастери, двени боички, креди….

Времетраење: од 13 до 15 часот, недела 12.5.2019

На овој начин сакаме да видиме како размислуваат и на што се фокусирани децата на возраст од 4 до 12 години, да изградиме една тематика на МУЗЕЈ НА ДЕТСКА ИЛУСТРАЦИЈА.
Дел од изработените цртежи и разговори ќе се најдаат во некое следно публикување на ДЕТСКИ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР.

Материјали: темперна боја, водени бои, хартија, фломастери, дрвени боички, моливи, мрсни боички, пастелни, креди во боја.

Работилницата е подржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија и е дел од програмата ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ 2.
Интерактивни разговори се серија детски работилници, мултидисциплинарен проект, кој експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори-3Dмоделатори, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукации во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Нејзината намера е да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

Сподели