Нашите омилени издавачки куќи на нашето омилено место: Горно фоаје во МКЦ.
Темплум, Готен, Бегемот, Блесок, Бункер, Чудна Шума, ИЛИ-ИЛИ, Артконект.

Ве очекуваме со книги, промоции, разговори, дружења и уште повеќе добри книги во ова интимно и мистериозно топло катче.
Набавете си го омилениот подарок за себе за Нова година.

23 декември (понеделник)
- 19:00 – Изложба на Будимка Поповска и промоција на три нејзини книги

24 декември (вторник)
- 18:00 – Филмска програма – Агнес Варда
- 20:00 – Промоција на збирката раскази „Неми филмови“ од Димитар Димоски
промотор: Ненад Јолдески (Или Или)

25 декември (среда)
- 18:00 – Филмска програма – Кратки МК филмови
- 20:00 – Промоција на книгата „12 македонски фотограф(к)и“ (Темплум)

26 декември (четврток)
- 18:00 – Филмска програма
- 20:00 – Промоција на стрипот „Македонија“ (Темплум)

27 декември (петок)
- 12:00 – Доделување на наградата Новите! 2019 (Темплум)
- 19:00 – Промоција на стихозбирката „Средни години“ од Алеш Мустар
препев: Лидија Димковска
промотор: Александра Јуруковска (Или Или)
- 20:00 – Промоција на Алек Попов (Бегемот)

28 декември (сабота)
- 13:00 – Промоција на книгите за деца, „Синиот зајак“ и „Чудесни апарати“ (Темплум) и нас стрипот „Зенобиа“
- 14:00 – Креативна работилница за деца „Моето омилено милениче“ – Билјана Црвенковска
- 14:00 – Промоција на стрипот „Зенобиа“ од Дур и Хорнеман
- 20:00 – Промоција на книгата „Десетте најдобри раскази на светот“

Сподели