Колекцијата есен-зима 2020/2021 КУБИЗАМ – ДЕКОНСТРУКЦИЈА, на македонската модна креаторка Nela Todorovska (Нела Тодоровска) – Mariguccha, е обмислена и создадена по принципот на анализа на минималистичката чиста форма на конструкција, деконструкција и повторно нејзино соединување во ансамбл на тродимензионалност.
Содржи основни форми што произлегуваат од човечкото тело и се трансформираат во геометриски форми, кои имаат функционалност и се прилагодени на истото. Формата ја следи функцијата, слободен пресек на волумен и судир на повеќе различни форми и неспоиви материјали во една. Oваа колекција, која умешно успева да претстави двострани, носливи од лице и опачина, мултифункционални и носливи на повеќе начини аутфити. За целосно заокружување на совршениот изглед модните парчиња облека ќе бидат пропратени со авангардни обувки, чанти во архаични форми како и накит на The House of Jupiter на дизајнерката Дафина Џепароска.
Ве очекуваме