Пред една година Гледај.мк започна со работа и сега ве кани на роденденска прослава во свој стил!
Организираме проекција на филмот „Колива“ во режија на Андреј Илиевски Волкашин и продукција на Veda Film Productions. По проекцијата ќе дискутираме за филмот заедно со продуцентката Елена Станишева, сценографката Илина Ангеловска и актерот Симеон Мони Дамевски.
Синопсис:
Во едно сиромашно македонско село, преоптоварена со секојдневните обврски на типична домаќинка, животот на Дана (43) се врти околу мајка ѝ, сопругот и нејзините три деца. На денот на традиционалното коливо, доаѓањето на нејзиниот поранешен љубовник Марко (45) на местото на локалниот касап, ги влече на површина нејзините длабоко закопани тајни и стравови.
По проекцијата и дискусијата ќе се подружиме во бифето на Младински Културен Центар, па славењето го продолжуваме на SUUNS во МКЦ.
ВАЖНО: Регистрацијата е затворена. Оние што успеаја да се регистрираат навреме, добија потврден мејл. Наш предлог за оние што сакаат да присуствуваат на проекцијата, а не се регистрирале, е сепак, да дојдат 15-тина минути пред проекцијата. Ако има слободни места, секако ќе имаат можност да присуствуваат.