Во не толку далечна иднина во Скопје, притигнува бегалка по има Селма. Таа е единствената што успеава да ја премине македонско-грчката граница, дента, кога медиумите објавуваат дека границите се затвораат и ниту еден мигрант нема да може да влезе во државата, макар само и да помине низ неа.

Монодрамата „Јас, Селма“ е колаж од девет парчиња за бегалката од Дамаск и актерката Симона од Скопје: за нивната прва средба, за вљубувањето на Селма во едно момче од протестите, за (не)вклопувањето во скопскиот живот, но и за нејзината желба да замине од овде. Оваа претстава можеби и не зборува толку за Селма, колку што зборува за нас. Постојаното „губење“ на линијата кој е кој во претставата и дали говори актерката или бегалката, го нагласува нашето (не)прифаќање на сличностите што ги имаме со младата Селма.

Игра:  Симона Спировска
Монтажа на звук:  Сашко Потер Мицевски
Режија:  Милош Б. Андоновски

Сподели