Jaga Jazzist (познати и како Jaga) е експериментален џез-бенд од Норвешка којшто станува познат кога Би-би-си го прогласуваат A Livingroom Hush (Smalltown Supersound/NinjaTune) за најдобар џез албум за 2002 година. Стануваат еден вид музички феномен во Норвешка за 20 години откако постојат. Оваа деветчлена постава се сметаат за едни од највозбудливите и најиновативните на таа сцена. Меѓудругото, сите од нив се дел и од други музички проекти и сите на некаков начин имаат придонесено за најзначајните изданија и проекти во областа на оваа музика во овој де од светот. Но дали свират џез, рок, хип-хоп, полка, електро, класична или хорска музика? Одговорот е сето ова и ништо од ова – едноставно, тие се фасцинантен музички закон сами по себе.
Нивната музика полна забава и енергија е надополнета со нивниот жив настап. Неверојатно е што еден толку етаблиран и искусен бенд, од почетокот во 1994, до денес може да остане толку присутен и свеж,
“Џез, техно и прогресив рок, зачинето со мигиви на филигранска прецизност, но доволно интензивно да ја размрда седнатата публика“.
Билети по цена од 300 денари достапни на Билетарница МКЦ, продажната мрежа на МК Тикетс и Купи Карти За Сѐ.