СОПСТВО

Сопство е концептот што го имаме за себеси.

Сопство е сѐ она што ја прави една личност.

Декарт вели „Мислам, значи постојам“, додека Барбара Кругер вели „Купувам, значи постојам“. Овде е прикажано физичкото и мислечкото битие на човекот. Низ историјата човекот го менувал концептот за себеси.

Умствениот капацитет на човекот е менувачки и минлив, исто како и телото.

Сѐ до ренесансата сопственик на нашите тела се сметал Бог. Телото како убаво и добро, чиј сопственик е човекот, се појавило со деконструкцијата на групните идентитети, со порастот на индивидуализмот и слабеењето на црквата.

Атрибуираниот, субјективниот и оптативниот идентитет се „зависни“ од телото, од биолошкиот идентитет. Од самото раѓање (пол), па низ целиот живот (здравствена состојба, возраст) ние се бориме со ограничувања за тоа каде, како (ни доликува) треба да се однесуваме.

Изворот на нашите ставови и задоволства пред сѐ е ментален или телесен? Телото е наш понекогаш верен, понекогаш палав, а понекогаш предавнички настроен придружник.

Моите уметнички интереси се базираат на согледување на фиктивната реалност и уште пофиктивниот морал во општествата.

Преку своите истражувања се обидувам да ги прикажам и разнишам нашите стегнати предрасуди и стереотипи, кои ги зајакнуваат границите на нашата слобода, истовремено и да се развие свесноста на луѓето за остварување на своите права и задоволување на своите потреби. Родовата дискриминација, наследените стереотипи, родовиот, сексуалниот идентитет, социјално маргинализираните групи, различноста и варијациите на човекот и неговото тело се цел на моите истражувања каде што разбирањето на сите контрадикции и стереотипи како уметник и улогата на уметноста да се интервенираат и да се преиспитаат овие општествени конструкти.

Самостојни изложби:

2018
- Рециклиран материјал, (заедно со Марија Дичова) Ц.К. „Марко Цепенков“ – Прилеп

2017
- Идеализирање, Музеј- Галерија Кавадарци, Македонија.

2016
- Црвено Небо, Мобилна/ Монтажна галерија ЦАЦ , Скопје, Македонија.

2015
- Секс Шоп, Отворено Графичко Студио- Музеј на Град Скопје, Скопје, Македонија
- Црвено Небо, ЦАЦ Мобилна/ Монтажна галерија, Кавадарци, Македонија.

- Тик-Так, Музеј-Галерија Кавадарци, Македонија.

2013
- Спинтрии, самостојна изложба во Музеј-Галерија Кавадарци, Македонија
- Автопортрет, (заедно со Сања Темелкова) во Ликовен салон, Народен Музеј Велес, Македонија

Сподели