Со особена чест и задоволство Ве покануваме на изложбата на проектот „НАОДИ“, со кој, во организација на Младинскиот културен центар во Скопје, Република Македонија се претстави на 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција, одржана од 7 јуни до 23 ноември 2014 година. Отворањето на изложбата е во понеделник, на 28.12.2015, со почеток во 20.00 часот, во Концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје.
На настанот ќе биде промовирана и публикацијата „НАОДИ: Павилјон на Република Македонија, 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција“, направена за потребите на македонското национално претставување, во која се поместени резултатите од истражувањето на поставената тема на Националните павилјони – „Впивање на модернизмот 1914 – 2014“.