Ликовна работилница на Детскиот креативен центар во рамките на проектот ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ – финансиран од министерство за култура, оваа сабота, 14.4.2018 отпочнува со реализација на проектот „Нашето имагинарно пријателче“ 4+ е наменета работилница токму за оние дечиња, кои сакаат да се изразаат себеси преку уметноста со што ќе го претстават својот имагинарен лик преку цртеж или 3Д изработка.
.
Сите деца имаа свои имагинарни пријателчиња.
Целта на оваа работилница е заеднички децата да создадат концепт за имагинарен лик, кој потоа ќе биде измоделиран во 3Д и анимиран. Анимираниот имагинарен лик ќе биде дел од видеата за детските песнички на македонски на Лисичко, каде што целосната идеја ќе прерасне во „Лисичко и пријателите“.
На овој начин децата ќе имаат можност својата креативност и имагинација да ја претворат во нешто „видливо“ и директно да бидат вклучени во создавање на едукативни и забавни содржини за своите другарчиња.
Заеднички ќе го разработиме изгледот на ликот како и неговиот карактер, интереси и движења што ќе биде додатен поттик за развој на слободните идеи на децата. Откако создадениот лик ќе биде анимиран и инкорпориран во целокупното видео, ќе биде приреден малечок собир каде што децата ќе можат први да го видат завршениот продукт и низ слики и видеа да го проследат процесот на создавање на нивниот имагинарен 3Д лик. На овој начин децата ќе можат да се запознаат со еден клучен сегмет во процесот на создавање на нивните омилени 3Д анимирани филмови. Финалното видео ќе биде објавено на Youtube каде што и поширокта јавност ќе има можност да се запознае со нашето заедничко имагинарно пријателче.

Работилницата ќе ја водат:
Јана Ѓорѓиевска | 3Д моделaтор и аниматор
Доротеј Нешовски | мултидисциплинарен уметник

Програма:
Пристигнување: 11:00 – 11:15
Презентација запознавање со процесот на 3Д изработка: 11:15 – 11:45
Изработка на карактер дизајн и негови движења: 11:45 – 12:20
Пауза освежување со сок овошје и зеленчук: 12:20 – 12:30
Доработка на имагинарното пријателче: 12:30 – 13:00
Заминување: 13:00

P.S. Работилницата е со ограничен број на парципанти (10).
Можете своето учество да го пријавите на следниот e-mail nesovskidoro@gmail.com

Работилницата е поддржана од Министерство за култура на Р.М и е дел од програмата ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ

Интерактивни разговори се серија детски работилници, мултидисциплинарен проект, кој експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници музиколози, аниматори-3D моделатори, архитекти, фотографи и пермакултурен дизајнер за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукации во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Со намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

Сподели