Во 20 часот на 25.11.2016, во Галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложба на слики на сликарот Илија Спасовски Чендо од Неготино.
Член е на ДЛУМ добитник на награда за сликарство „ Лазар Личеноски ” ДЛУМ 2011 година.
На изложбата ќе бидат изложени 22 слики од циклусот АРТ-ФОКУС, колаж со комбинирана техника.
Сликите се апстрактни со чист ликовен израз работени во последните 2 години.
Самостојно излагал во: Софија, Белград, Нови Сад, Дубровник, Битола, Цирих, Винтер Тур и Скопје.

Изложбата ќе трае 15 дена.

Сподели