„Играме во стимулативна средина“ е планирано време за една опуштена, забавна и едукативна игра. Во Детскиот креативен центар МКЦ ќе се искреира една интересна стимулативна средина, каде децата од 3 до 5 годишна возраст, преку игра ќе ја практикуваат фината моторика и моториката на целото тело (груба моторика). Играта стимулативно ќе делува и на физичкиот и на менталниот развој. Етапно, од динамички активности кои влијаат на специфичната моторика и графомоториката се преминува на учење симболи, апстрактни поими и нивна визуелизација, што всушност значи практикување на асоцијативното учење. Со поставување на детето во проблемски ситуации ќе го поддржиме неговотo функционално знаење и способноста за решавање проблеми, за на крај да завршиме со високо ниво на задоволство и наградување на вложениот труд.
За ова време детето ќе се чувствува:
• Забавно
• Исполнето
• Дружељубиво
• Поврзано со останатите
• Прифатено
• Фукционално и со самодоверба

Цената на оваа едночасовна игра е насмевка и убаво расположение, па задолжително понесете ги со себе.

Играта ќе ја водат Александра Гилевска и Кристина Лефкова, психолози кои љубовта за работа со деца ја надоградија со специјализирани семинари за работа со деца, а праксата ја обавуваат секојдневневно.

Доколку вашиот избор е да вложите на овој начин во вашето дете можете да го пријавите на следниот линк:
- Работилница на 03.09 2019 година:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdIbSBvHje7TPsyC9IuOqUhK-gx8xIR1JdTTNFuRrvLWn1BPg/viewform?usp=sf_link
- Работилница на 10.09 2019 година:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc_r1l7HHcT1Ljd2rsPmFChQSPpnH0i3I7Tb_prqe7akw8ngw/viewform?usp=sf_link
- Работилница на 17.09 2019 година:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfgmrZWHu5k9osKocJMSAvsxxA0kBLkBnAp5spPnD2_944-kw/viewform?usp=sf_link
Напомена – пријавувањето е задолжително!

Повеќе информации на 071218787 Кристина и 078383123 Александра или МКЦ 02 3115 225

Се гледаме во МКЦ!

Сподели