Idris Ackamoor & The Pyramids
За прв пат во Скопје.
Вечерта ќе ја отвори DJ BIGor од Словенија.
Влезници во претпродажба по цена од 300 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ.
За фанови на:
Sun Ra Arkestra, Gato Barbieri, Cecil Taylor, Fela Kuti, Heliocentrics, CTI, Gilles Peterson, Last Poets, Gil Scott Heron, Roland Kirk, Weldon Irvine, Nubya Garcia, John Coltrane, King Tubby….
Почетоците на The Pyramids се во 1972 година во колеџот Antioch, во Јелоу Спрингс, Охајо, а во првобитната постава бил и познатиот пијанист Cecil Taylor.
Откако се формира во Париз и тргнува на „културна одисеја“ низ Африка, групата има снимено три независни албума, „Lalibela“ (1973), „King Of Kings“ (1974) и „Birth / Speed / Merging“ (1976), и станува позната по нивните впечатливи настапи во живо, мешајќи перкусионистички, спиритуален и space-age џез со театарски и танцов перформанс. Откако се селат во Сан Франциско, бендот се расформира во 1977 година. 35 години подоцна, повторно се обединуваат во 2012 години по зголемената побарувачка за нивната музика од страна на колекционерите на плочи.
Германската продуцентска куќа Disko B го издава слободниот џез албум „Otherwordly“, а во 2016 година го издаваат нивниот прв албум за Strut, прочуениот „We Be All Africans“.
„An Angel Fell“ излегува на 11 мај 2018 година и содржи рачно насликани дела на Lewis Heriz.
„Новиот албум е вистински хит во моментов“. – Gilles Peterson.
Strut го претставува „An Angel Fell“, најновиот албум на космичките џез патници The Pyramids, предводени од саксофонистот Idris Ackamoor.
„Сакав да користам фолклор, фантазија и драма како алармна сирена“, објаснува Ackamoor.
„Песните истражуваат глобални теми, кои се важни за мене и за сите нас: порастот на катастрофалните климатски промени и недостатокот од грижа за нашата планета, губењето на невиноста и разделбите… Но, има и позитивни теми како исцелителната моќ на музиката, колективната акција и едноставната убавина на природата“.
Во продукција на Malcolm Catto од The Heliocentrics, албумот беше снимен за време на интензивна недела во Quatermass studios во Лондон и е едно од најдлабоките и најбогати дела на еден бенд што го има достигнато својот креативен врв уште од раните седумдесетти години на минатиот век.
—–
Вечерта ја отвора jавачот на плочи BIGor!
BIGor е алтер его на рок критичарот, публицистот и сценарист Игор Башин. По повод гостувањето на најновиот, трет дел од серијалот „Музиката е уметност на времето“, кој зборува за излегувањето на првиот албум на групата Лајбах, издаден 1985 година во Југославија, доаѓа на CINEDAYS со својот пакет на музика да го оттанцува својот вуду танц. Кај него сѐ се врти околу музиката. Има пишувано за фанзини и списанија, организирано концерти и работено по клубови, бил член на групата Štirjepravidedci, се има занимавано со музичка продукција, работено на Радио Штудент и Вал 202, како и на Телевизија Словенија, и има напишано книга за еден од најважните рок фестивали на подрачјето на поранешна Југославија, Нови рок. Денес е уредник на веб-порталот Nova Muska и соработник на порталот Odzven. Но, тоа што го поврзува сиот тој шаренолик пат е наследството што го остава музиката, која се врти кога тој ќе скокне во своето одело на јавач на плочи. Добредојдовте во неговата џунгла. Stay cool and crazy!
Се гледаме во МКЦ