МКЦ – Планетариум и Македонското Истражувачко Друштво ве покануваат на научно-популарното предавање на тема „Гравитациони бранови“, кое ќе го одржи нашата ценета физичарка, м-р Ивона Кафеџиска. Ивона ни доаѓа од Фрајбург , Германија, каде што во моментов ги завршува вторите магистерски студии по физика со фокус на „Теориска физика на честички“. Во продолжение може да прочитате нешто повеќе за Ивона, а на предавањето, кое е од отворен карактер се поканети сите љубители на астрономијата, физиката и природните науки.

Ивона Кафеџиска е родена во 1992 година во Скопје.
Уште од најмала возраст е љубител на физиката и математиката и учествува на натпревари во овие дисциплини . Средното образование го завршува во ПСУ ”Јахја Кемал” каде што е дел од олимпискиот тим по физика. Во 2009-та освојува прво место на државниот натпревар по физика. На факултет заминува во Германија и дипломира теоретска физика на Јакобс Универзитетот во Бремен. На магистерски студии заминува во Фрајбург. Моментално е магистер по „Инженерство и менаџмент по обновливи енергии”, а паралелно како втори мастер студии е запишана на мастер студии по „Теориска физика на честички”. За време на своите студии работела или била на пракса во неколку институти, како на пример Институтот за теориска физика на Универзитетот во Хајделберг во групата за космологија; Центарот за вселенско истражување и микро-гравитација (ZARM) во Бремен; Хелмхолтз Центарот во Берлин; и Фраунхофер институтот во Фрајбург каде и го заврши истражувањето за својата магистерска во сферата на обновливите енергии, со фокус на фотоволтаика и соларни ќелии.

Сподели