Во рамките на проектот „Градот убав“ ќе се реализира првата отворена галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст. Задоволство ни е да ве поканиме на нејзиното отворање, на 17 јуни 2018 година, во 20:00 часот, во сутеренот на ГТЦ (автобуската постојка).

Иницијатор на овој настан е архитектот и уметник Филип Конески, а организатори се Младинскиот културен центар, Град Скопје и Градски трговски центар – Скопје.
Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

Сподели