Добрите познавачи на новите музички движења, оние што го креираат вкусот на артикулираната публика, деновиве ќе го посочат токму Gabe Gurnsey, како една од најжешките точки на современата електронска, но и воопшто алтернативна сцена.
Особено оваа, 2018 е негова, година, која дефинитивно го произведува како еден од водечките композитори и иноватори, на среде купиштата “електронски имиња” што постојат само поради масовната побарувачка.

Две причини зошто ЕДНОСТАВНО МОРАТЕ ДА ГО ПОСЛУШАТЕ/погледнете Gabe Gurnsey:
1. Тој е есенцијален дел, композитор и beat-maker на еден од најрелевантните нови бендови на денешницата, Factory Floor, чиј cutting edge е добро познат не само на едуцираната публика, туку нивната популарност и значење полека добиваат глобално ниво.
2. Неговиот СОЛО АЛБУМ “PHYSICAL“, кој излезе пред неколку месеци, според многумина е АЛБУМ НА ГОДИНАТА 2018. Комплетно танцово искуство, моделирано преку најсвеж и модерен звук, совршен продолжеток на линијата Cabaret Voltaire, Criss & Cosey, New Order.

Токму овие артисти и максималмно го поддржуваат и протежираат Gabe Gurnsey, како нивни легитимен наследник.

Gabe Gurnsey на CINEDAYS ќе настапи ВО ЖИВО (придружен од John Rivet), што подразбира еден куп машини за произведување звук, но тој лично ќе седи зад сет со тапани. Тоа гарантира вистинско уживање за љубителите на cutting edge современиот звук, но и сите оние што сакаат да танцуваат.

Придружно, но и во функција на збогатување на овој супер модерен концерт ќе настапат:
KANTON 6 live
Марко Рикалоски DJ set

КАКВА ВЕЧЕР ДРАГИ СЛУШАТЕЛИ!!!

Билети во претпродажба по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ.
На ден на концерт, цена на билет ќе изнесува 300 денари.

Сподели