Explore The Mountains во соработка со Probike Skopje и Podravka Makedonija ќе одржи јавна презентација за првата македонска МТБ експедиција на Хималаите.
На оваа јавна презентација ќе можете детално да видите како се одвиваше целата оваа експедиција околу врвот Анапурна 8091 м.н.в. преку фотографии, како и усна презентација на самите учесници на оваа експедиција.
П.С. На крајот од презентацијата ќе имате можност да поставите прашања на учесниците за оваа експедиција, кои ќе ви ги дадат сите информации поврзани со нивиниот подвиг.
Се гледаме на 20.12.2019 во 19:00 часот – Кино Фросина МКЦ