Бесплатна детска работилница

Ментори: Дафина Шекутковска, инженер по применета физика; Доротеј Нешовски, интердисциплинарен уметник

Eксперимент на слонова паста за заби е процесот на распаѓање на хидроген пероксидот. Пецивото (калиум јодидот) функционира како каталист за да го разложи хидроген пероксидот на кислород и вода. Сапунот потоа се меша со кислородот и водата, претворајќи се во пена.

Овој експеримент ќе го изведува ментор по физика, децата ќе имаат можност да слушнат предавање за експериментот и да го проследаат физичарот како го изведува, децата ќе имаат можност да цртаат, илустрираат и изработуваат сончев систем .

Концепт за работилница за деца:
Изработка на соларен систем и експеримент со слонова паста за заби.
Децата ќе имаат можност да се запознаваат со планетите во сончев систем и го учат нивниот редослед. Поединечно учат за составот и карактеристиките на секоја планета и сонцето.

• Локација: Детски Креативен Центар при МКЦ
• Одржување: Сабота 19.10.2019 / Почеток 12-14часот
• Ментори: Дафина Шекутковска – инженер по применета физика, Доротеј Нешовски – интердисциплинарен уметник
• Времетраење: 2 часа
• Возраст 7-10години
• Максимум учесници: 15
• Пријава: nesovskidoro@gmail.com
• Материјали: Хидроген, течен сапун, пециво, бои за храна, најлон, пластични шишинја,ножици, картони, црна боја, бела боја, жица, пластелин, хартија

Програма:
12:00 – 12:15 – пречек
12:15 – 12:35 – презентација и вовед во работата
12:35 – 13:05 – изработка на соларен систем и експеримент
13:05 – 13:15 – пауза освежување со сок и вода
13:15 – 14:00 -доизработка на идеите и презентација
14:00 – заминување

Работилницата е поддржана од Министерство за Култура на Република Северна Македонија и е дел од програмата ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ 2

Интерактивни разговори се серија на детски работилници, мултидисциплинарен проект кој експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи: социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори-3Dмоделатори, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика за реализација на дадените концепции, наменети за детска едукација во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Овој проект има намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

Сподели