Детска работилница за фотографија, темната соба (лат. camera obscura). 

Ментори: Слободан Петровски, Ема Силјанoска, Доротеј Нешовски – мулти дисциплинарни уметници

Оптичките појави отсекогаш постоеле, но биле толкувани на различни начини, светлината како природна појава.
Некои светлосни феномени се пратени со очите на набљудувач, односно со непосредно набљудување, но тоа не било секогаш можно.

Работилница за темната соба (лат. camera obscura).

КИБРИДОГРАФИЈА

Нашата интенција во ова работилница да изработуваме мали објекти кои ги крстивме кибрографија кои имаат намера да докуметираат одредени визуелни графички доживувања, преку техниката камера опскура.
Camera obscura – kамера опскура е оптичка направа која порано се користела како помагало за цртање, а исто така претставува пронајдок кој допринесе за откривање на фотографијата. Денешните фотоапарати понекогаш се викаат камери баш поради сличноста со оваа направа.
На почетокот ќе направиме една мала презентација како ќе го изработиме кибридо објектот.
За изработка на објектот ќе ни се потребни разни материјали: картони, ножици, четки, црна боја,изолир лента, аналогни филмови,фотохартија.

Прв процес- изработка на кибро објект
Втор процес- визуелно документирање со кибро објект
Трет процес – фотографирање со аналоген апарат

Работилницата е бесплатна возраст 6+

Програма :
Пречек 15:00-15:15
Вовед за изработка на camera obscura 15:15-15:25
Изработка 15:25-16:00
Кратка пауза за освежување со сок 16:00-16:10
Фотографирање со кибро објектот на дадена тема 16:10-16:40
Фотографирање со аналоген апарат на дадена тема 16:40-17:00
Заминување 17:00

Работилницата е подржана од Министерство за Култура на Р.М и е дел од програмата ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ

Интерактивни разговори се серија на детски работилници, мултидисциплинарен проект кои експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници, музиколози, 3Д аниматори-моделатори, архитекти, фотографи и пермакултурен дизајнер за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукации во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Со намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

Сподели