Драги пријатели, малата мечка ве кани во длабокото:
Deep Listening – Pauline Oliveros / Stuart Dempster / Panaiotis
Четврток, 9 март, 21 часот. Планетариум, МКЦ.
…
Pauline Oliveros (1932 – 2016) е пионер на современата музика. Како основач на San Francisco Tape Music Center во 60тите години на минатиот век, таа соработува со Terry Riley (настапува во првата изведба на ‘In C’) и учествува во модуларните експерименти на Morton Subotnick. Подоцна Oliveros ја развива филозофијата на слушањето како ритуал и терапија, пристап кон музиката кој го опишива со терминот “длабоко слушање“.
Албумот “Deep Listening” (1989) e снимен четири метра под земја, во напуштена воена цистерна – акустичен простор со 45 секунди reverb, користејќи хармоника, тромбон, диџериду, вокал, пронајдени предмети.. и без дополнително процесирање на звукот.
Совршена музика за нашиот драг Планетариум и неговиот природен оддек. „Довидување“ во длабокото!
…
Билетите (100 денари) се во строго ограничен број и достапни на билетарницата на МКЦ.
Планетариумска проекција: Даниел Анастасов