„Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на Зад Аголот нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп субкултурата.
Идеја и режија: Јордан Симонов
Музика и препев: Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад Аголот“)
Улоги:
Луков – Стефан Вујисиќ
Фезлиев – Александар Михајловски Хонда
Иван – Владимир Петровиќ
Методи – Горан Ников
Младичот – Ненад Анѓелковиќ
Неда – Сања Арсовска
Христов – Павле Димковски
Асистент на режија: Виктор Рубен
Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска
Видео: Милан Блажевски, Борис Таковски
Дизајнер на тон: Симон Кипровски
Дизајнер на светло: Илија Тарчуговски
Графички дизајн: Бисера Михајловска
Фото: Кире Галевски
Времетраење: 45′
Јазик: Македонски