Денови на 30-годишнината од „Кадифената револуција“
Во рамките на „Чешки денови“, на 30-годишнината од „Кадифена револуција“ во некогашна Чехословачка, во организација на Амбасадата на Република Чешка во Скопје, ќе бидат одржани неколку настани поврзани со неа.
Оваа година е 30-годишнината од Кадифената револуција, со која заврши комунистичкиот режим во тоа време во Чехословачка. Граѓаните во текот на оваа тивка и ненасилна револуција покажаа исклучителна храброст со што на крајот беа наградени со најскапоцените подароци, демократија и слобода.
Филмовите посветени на овој период, кои ќе бидат прикажани на Фестивалот на Европскиот филм CINEDAYS се токму со тема посветена на оваа тивка и ненасилна револуција и ќе ви помогнат да ги разберете борбите на чешкиот народ во минатиот век, подемите и падовите, влијанијата од комунизмот и одговорите на прашањата за националниот идентитет како и историските реалности што ги менуваат патеките на луѓето на различни начини.
*Влезот е бесплатен.
Распоред:
2.11. (САБОТА)
> 19:00 | „Чад“, режија: Томаш Ворел
https://www.imdb.com/title/tt0102234/
> 21:00 | „Граѓанинот Хавел“, режија: Мирослав Јанек и Павел Коутецки
https://www.imdb.com/title/tt0843329/
3.11. (НЕДЕЛА)
> 19:00 | „Времето на слугите“, режија: Ирена Павласкова
https://www.imdb.com/title/tt0097020/
> 21:00 | „Животот според Вацлав Хавел“, режија: Андреа Седлачкова
https://www.filmcenter.cz/en/czech-films-people/243-vaclav-havel-living-in-freedom