На 23 мај во МНТ гостува Народно позориште Белград со претставата „ЦАРСТВО НЕБЕСКО“ – ЕПИКА БАЛКАНИКА
Претставата се игра на две локации. Првата локација е на големата сцена во Македонски народен театар со почеток во 19:00 (траење 90 минути), и втората локација е Младински културен центар во кино „Фросина“ во 21:00 (траење 45 минути).
НАРОДНО ПОЗОРИШТЕ БЕЛГРАД И БИТЕФ ТЕАТАР
ДРАМСКА СЦЕНА „РАША ПЛАОВИЌ“ И СЦЕНА БИТЕФ ТЕАТАР
Режисер: ЈЕРНЕЈ ЛОРЕНЦИ
Драматург: МАТИЦ СТАРИНА
Сценограф: БРАНКО ХОЈНИК
Костимограф: БЕЛИНДА РАДУЛОВИЌ
Композитор: КАРМИНА ШИЛЕЦ
Кореограф и асистент на режисерот: ГРЕГОР ЛУШТЕК
Дизајнери на светло: МИОДРАГ МИЛИВОЈЕВИЌ, БРАНКО ХОЈНИК, ДРАГАН ЃУРКОВИЌ
Aсистенти на режисерот: ТАРА МАНИЌ, ЈУГ ЃОРЃЕВИЌ, РАСТИСЛАВ ЌОПИЌ
Сценски говор: ЉИЉАНА МРКИЌ ПОПОВИЌ
Извршни продуценти: ЈОВАНА ЈАЊИЌ, МИЛОРАД ЈОВАНОВИЌ
Организатор: НАТАЛИЈА ИГЊИЌ
Играат: ОЛГА ОДАНОВИЌ, НАТАША НИНКОВИЌ, НАДА ШАРГИН, ХАНА СЕЛИМОВИЌ, БРАНКО ЈЕРИНИЌ, БОЈАН ЖИРОВИЌ, НИКОЛА ВУЈОВИЌ, МИЛУТИН МИЛОШЕВИЌ, СЛАВЕН ДОШЛО
Инспициент: Сања Угриниќ – Мимица
Суфлер: Гордана Перовски
Асистент на сценографот: Дуња Костиќ
Асистент на организаторот: Милош Голубовиќ
Мајстор за маска: Марко Дукиќ
Мајстор на сцена: Дејан Раденковиќ
Тон-мајстор: Тихомир Савиќ
Техничка реализација Битеф театар:
Шеф на техника: Љубомир Радивојевиќ
Светло-мајстор: Игор Миленковиќ
Тон-мајстори: Мирољуб Владиќ, Југослав Хаџиќ
Инспициент: Маја Јовановиќ
Декорот и костимите се изработени во работилниците на НАРОДНО ПОЗОРИШТЕ.
„Царство небеско – Епика балканика“ ја обработува српската епска поезија. Режисерот Јернеј Лоренци ја обработува оваа тема „поради љубовта кон древните приказни и песни, како први документи на нашата цивилизација. Ме интересираат темите, мотивите, дилемите, кои се тие страдања и мечти, и каква врска има сето тоа со нас денес. Многу заедничко. Во епиката работите се малку посурови, непосредни, со помалку лаги. А и страстите помалку се кријат. Ме фасцинира мечтата во приказните и песните, бидејќи имагинацијата е најголемата привилегија на човековото постоење. Српските песни се одлична комбинација на историјата, од една страна, и митологијата, од друга страна. Понекогаш дури и митоманијата. Тој раб помеѓу историјата и митоманијата ме е особено интересен, сé она архетписко, важно за нашата потреба за раскажување на приказни“.
*Билетите се пуштени во продажба, а може да се купат само на билетарницата во МНТ.