BOOKSTAR 2018 е фестивал на европската литература, кој веќе четврта година по ред преку книжевноста ги објаснува феномените на овој век, истовремено избавувајќи ја од стерилниот деветти круг на академскиот третман. Фестивал што ги поставува прашањата што непријатно и тивко се одговараат, фестивал што разработува општествени и социјални теми по old school принцип: книжевноста како лек против егзистенцијалните тегоби и социолошките норми.
Фестивалот BOOKSTAR e прв фестивал на европската литература во Македонија, организиран од издавачката куќа „Антолог“. Во рамките на оваа манифестација, која започна во 2015 година, а се одржува секоја есен, се вклучени Саемот на европската литература, гостувања на странски и на домашни автори, промоции,
дебати и други интересни настани и содржини.

Во МКЦ имаме:

19 ноември, 19:30
- Претставување на книгите „Светата крв“ и „Даровите на светот“ и разговор со авторот Антотн Баев (Бугарија)
Промотор: Елизабета Шелева

- Претставување на книгите „Празни улици“ и „Луксембуршката градина“ и разговор со авторот Михал Ајваз (Чешка)
Промотор: Соња Стојменска-Елсезар

20 ноември, 19:30
- Претставување на книгата „Глад“ и разговор со авторот Џамал Уаријачи
Промотор: Душко Крстевски

- Претставување на книгата „Медицински роман“ и разговор со авторот Рику Корхонен
Промотор: Владимир Јанковски

- Претставување на книгата „Сага за Јон“ и разговор со авторот Офејгур Сигурсон
Промотор: Ристо Солунчев

Сподели