Изложба на архитектонски проекти
Професијата архитект е една од ретките, a можеби и единствена професија, чии крајни дела во вид на просторни конфигурации стануваат видливи за голема група луѓе. Наспроти конечниот архитектонски продукт, она што е многу помалку видливо е процесот на проектирање, но и самиот проект, кој најчесто останува скриен во некои темни простории во кои долго се работи, испечатен во папки, испратен како електронска порака или зачуван на надворешен хард диск.
Да се практикува архитектура во општество во кое мерило за урбан развој е вкупната бројка на изградени метри квадратни, а пример за естетика се ирационални комбинации од недоволно разбрани историски стилови, претставува секојдневна борба. Да се издржат притисоците на секојдневните егзистенцијални и бизнис интереси кои оваа пракса ги наложува потребни се храброст, енергичност, истрајност и силен ентузијазам.
Целта на оваа изложба е пред пошироката јавност да се претстават пет архитектонски проекти за објекти од јавен карактер. Проектите претставуваат трудови пријавени на меѓународни конкурси во Скопје, Варна и Загреб, а работени се од тимови составени од страна на осум млади автори, во периодот од 2013 – 2018 година. Иницијативата за поставување на една ваква современа поставка претставува своевидна провокација за актуализирање на прашањата за улогата на архитектот во општеството, за важноста и придобивките од јавните архитектонски конкурси и воопшто од дискусиите и дебатите поврзани со архитектурата. Проектите кои ви ги претставуваме нудат наши одговори на одредени прашања и претставуваат резултати на склоп од донесени одлуки за прилагодување кон одредени просторни конфигурации. Низ мноштвото линии и симболи пред вас ги соголуваме нашите размисли за можните начини на делување во преостанатите празнини во еден современ град. Сознанието дека не постои еден универзален одговор на зададен проблем претставува истовремено и критика кон актуелните урбанистичко-архитектонски
Автори: Бранислава Ѓорѓевиќ Атанасовска, Елена Пазарџиевска, Нина Карангелеска Тодоровска, Марија Димитриевска, Силвија Шалева, Стефан Тодоровски, Биљана Смилеска и Никола Кунгуловски.