Роден во САД, а пораснат во Бразил, Арто Линдзи е една од најзначајните фигури на бруталната њујоршка no-wave сцена од доцните седумдесетти. Познат по својата специфична фузија на апстрактен noise, експериментален џез и елементи на бразилската tropicália, тој опстојува на крстопатот меѓу музиката и уметноста веќе четири децении.

Пал Нилсен-Лав пак, е еден од творечки најпродуктивните и најактивните норвешки музичари во последните 20 години. Со илјадници концерти и стотици снимки, тапанарот е познат по бендовите како The Thing, OffOnOff, Ballister, Hairy Bones, Chicago Tentet и Large Unit, како и по соработките со музичари како Кен Вандермарк, Џим О’Рурк, Питер Броцман, Трстон Мур, Мичијо Јаги и многу други. Арто Линдзи и Пал Нилсен-Лав првпат настапија заедно во Рио, кон почетокот на јули 2013-та година. Се сретнаа, си рекоа „здраво“ и изведоа 35-минутен крајно експлозивен сет, со мешавина на бразилски песни, вокали, бучни гитари и силни тапани коишто влегуваат и излегуваат од ритам. Следната средба се случи во музејот Гугенхајм во Њујорк, а потоа следеа настапите на фестивалите Moers, Roskilde, повторно Audio Rebel во Рио, Big Ears во Ноксвил како и бројни концерти низ Европа и светот. Нивниот прв концерт во Рио беше снимeн и издаден како албум за дискографската куќа на Нилсен-Лав, PNL records, под името “Scarcity”.

*Комплет билети за сите концерти на Skopje Jazz Festival по цена од 2900 денари.

Сподели