Драги пријатели, малата мечка ве кани на концерт:
An Eagle in your Mind (Лион, Франција)
Вторник, 9 октомври, 21 часот. Планетариум, МКЦ.
An Eagle in your Mind се Sophia и Raoul, номадско дуо за кое музиката е патување, постојана потрага по нови сонични хоризонти. Во интимата на скопскиот планетариум ќе го донесат нивниот хипнотичен звук, кој е органска спојка на фолк, психоделија, сакрална музика и апстрактен хип-хоп. Непредвидливост претворена во скапоцена доблест. Парадоксална алхемија на повеќе хетерогени елементи поддржани од шаренолик инструментариум кој вклучува индиски хармониум, бразилски перкусии, гуембри (акустичен бас со потекло од Западна Африка), бенџо, синтисајзер, ритам машина итн.. Љубопитни сме да видиме и слушнеме што ќе си понесат од Македонија.
https://aneagleinyourmind.bandcamp.com/
Билетите се во строго ограничен број и достапни на билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари (во претпродажба) и 200 денари (на ден на настанот). Побрзајте!