Што? – Фандрејзинг настан на АКСЦ
Каде? – Во МКЦ
Кога? – На 8-ми мај со почеток од 19:00
И што ќе има? – Музички свирки, поетски перформанс, изложба, филмска прокекција, памфлет со авторски дела и др…
Влез? – Донации по слободна волја
Зошто? – За да платиме кирија и сметки
Или…за Скопје да има слободна зона за изразување – малечок, скромен простор за независната уметност и активизам.
АКСЦ или Автономниот културно-социјален центар функционира по принцип на донации од поединци со цел да ја задржи автономијата и слободата на изразување. За да опстане овој простор и алтернативен модел на функционорање потребно е свест и солидарност од сите НАС/ВАС. Овој фандрејзинг настан во МКЦ ќе биде прилика да се дружиме додека си помагаме едни на други. Само солидарноста може да го спаси градот на солидарноста