изложба на Викторија Ивановска

Дигитален приказ на цртежи рабатени во Paint (Paintbrush for Windows). Големината во димензиите е со цел да се избегне острината на пикселите. На прв поглед детски и наивни поради нивниот колорит и јаките бои, а всушност доста комплексни.

Цртежите излезени се спонтано без некоја поврзаност, а пренесуваат одредена сцена во одреден настан, мисла може би…Нема тука држење за рака! Секој сам за себе.

Секое живо битие си има своја приказна. Различна приказна. Различна галаксија. Галаксија во галаксија. Галаксија во која нема правила, нема ограничувања. Во секој приказ има галаксија под галаксија. Безвременски прикази,прикази на среќни, тажни, чудни, изолирани, ненаметливи моменти. Секој во свој свет. Битија кои се присутни. Ненаметливата присутност на чудни сегменти како дел од длабоката потсвест и чудна фантзија.

Сподели