интернационален детски фестивал за игра со сенки
Фестивалот “Сонот на облачето” ќе се одржува три дена (02, 03 и 04 декември 2013 год.) во просториите на Младинскиот Културен Центар (Сцена Фросина).
Учесници ќе бидат ПРАКТИКА ТЕАТАР од Москва – Русија, Џенгис Озек и неговиот КАРАЃОЗ ТЕАТАР од Истанбул – Турција, како и таеатарот на сенки СЕНКИ И ОБЛАЦИ од Скопје – Македонија.
За време на фестивалот ќе се отвори изложба на фигури од театар на сенки, а ќе се одржуваат и работилници за деца под менторство на членовите на Сенки и облаци. На овие работилници на децата ќе им се презентираат различни техники за изработка на кукли (фигури за театар на сенки) од различни материјали и нивните начини на игра .
2. ДЕКЕМВРИ ПОНЕДЕЛНИК
19:00 ч. Отварање на фестивалот
19:30 ч. “Ненапишаната прказна” Практика театар, театар на сенки, Москва, Русија
20:30 ч. Коктел и изложба на фигури од театар на сенки
3. ДЕКЕМВРИ ВТОРНИК
18:00-19:15 ч.Работилница – Изработка на фигуриза театар на сенки
19:30 ч. „СЕМЕ“ Сенки и облаци, театар на сенки, Македонија
20:15ч. Проекција на претставата Малиот принц, Егзипери, во изведба на Сенки и облаци
4. ДЕКЕМВРИ СРЕДА
18:00-19:15 ч. Работилница-Изработка на фигуриза театар на сенкиi
19.30 ч. „Чудовиштето од отпадот“,Џенгиз Озек,караѓоз театар, Истамбул,Турција
20.30 ч. Затворање на фестивалот со изведба на кратки сцени од работилниците.