Претстава работена по прозата и поезијата на Данил Хармс. Во поголемиот дел станува збор за дела коишто мошне малку се поставувани на сцена. Тенденциозно го отфрла првичниот поим, карактеристичен за перспективата фрлена на Хармсовиот труд, осврнувајќи се кон помрачниот и не толку опеаниот дел од неговиот живот и дело.
Театар „Чекори“ е најстариот алтернативен театар во Македонија. Неговите почетоци датираат од 1974 година. Гаи посебен однос со театарот на апсурдот, и во својот репертоар низ годините, во најголем дел, на сцена поставува дела од Семјуел Бекет, Ежен Јонеско, Славомир Мрожек, Данил Хармс и др.