Почитувани,
По барање на публиката Колектив Ветерница Ве поканува на третата изведба на РОБОГРАД!
Место: Младински Културен Центар – Кино Фросина
Дата: 14.3.2018 (среда)
Време: 19:30 часот
РОБОГРАД е танцова претстава од деца за деца која раскажува за еден град кој ги претставува сите градови на светот и карактерите кои живеат во нив односно брзањето, рутината и оттуѓувањето наспроти спонтаноста, љубопитноста и соживотот.
РОБОГРАД е приказна за нашето време, односно невербален театар кој дрско ја отелотворува важноста на слободната игра бидејќи само таа може да го спаси светот.
Таа ниту се купува, ниту се продава – играта ја носиме во себе и во неа сме сите еднакви!
Затоа, дојдете да си играме!
Илустрација на плакатот е на извонредниот Milos Petrovic од Bitlsti,NOVO DOBA FESTIVAL!
Цената на билетот е 100 денари и може да си го резервирате на veternicainfo@gmail.com, на 077860484 / 075375018 или на билетарницата на МКЦ.