2.10.2017  Понеделник

Начинот на движењето (Танцувачко нинџуцу – vol.2)
The way of the movement (Dancing ninjutsu – vol.2)

Лидер на работилницата: Матеа Киселичка, Скопје танцов театар

Оваа работилница, наменета за сите оние што сакаат да стекнат нов начин на израз и движење на телото, ја развива врската помеѓу различни техники на движење (Нинџуцу боречката вештина и современа танцова техника), истражување во кое вкрстувањата на техниките ги претвора во автохтон современ танцов израз.

Контакт за пријавување: Матеа  072-266-886
mateadance@yahoo.com

3.10.2017  Вторник
JAZZvolution

Лидер на работилницата: Јакуб Мунко, Скопје танцов театар

Најдобар начин да се изразиш себеси во ритам полн со енергија и динамика. Во текот на работилницата ќе се обидеме да извадиме внатрешна „дива“ од секој од вас и ќе ви дадеме шанса да блескате како никогаш до сега!

Контакт за пријавување: Јакуб  070-922-290
muniek.89@gmail.com

4.10.2017  Среда
Уни/Сон

Лидер на работилницата: Александра Петрушевска, Скопје танцов театар

Тело и ум. Дејствуваат едногласно, неодделни.
Работилницата го поставува акцентот врз индивидуалецот, кој ги слуша своите физички и умствени способности и на движењето му дава текстура, боја, форма. Се вади себеси од секојдневниот колосек, за да истражи нови простори. Без да се затвори во свој простор, станува отворен за интеракција со другите.

Контакт за пријавување: Александра  076-469-579
ap.ntb.10@gmail.com

Сподели